Министерот Филипче најави влез во државата без тестови и задолжителен карантин

Во синоќешното издание на „КликПлус“ на ТВ21, министерот за здравство Венко Филипче најави отворање на границите без тестови и карантин.

„После отворањето на границите, нема да важат карантините ниту тестовите. Ќе разговараме за ова за време на викендот. Анализата на новозаразените и кластерите, ќе ни покаже до каде сме, и врз основа на тоа ќе носиме одлука.“, рече Филипче.

Оваа одлука ќе биде донесена викендот или почетокот на идната недела.

 Според министерот, со отворањето на границите во целиот регион карантинот ја губи бидејќи ќе има слободен проток на граѓани и возила.

Тој очекува дека и сите соседи ќе покажат солидарност при третирањето на нашите државјани кои се затекнати во нивните земји, заради тоа што, како што рече, една ваква силна пандемија со ваков ризик во сите земји е идентичен.