Министерот Чулев на прес конференција ќе зборува за инцидентот во населбата Ченто

Денеска во 12 и 30 часот министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, најави прес конференција на која ќе зборува за вчерашниот инцидент во Синѓелиќ, односно населбата Ченто, за кој веќе излегуваат неофицијални политички причини.

 ,,Најпрво сакам да ја информирам јавност дека денеска во 12,30 часот во Министерството за внатрешни работи ќе одржам прес конференција на која ќе ги соопштиме деталите во врска со вчерашниот настан во населбата Ченто.

Што се однесува до почитување на ограничувањето на движењето на граѓаните, во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР евидентирано е дека:

– На ниво на целата држава 98 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Најголемиот дел од нив се на подрачјето на СВР Скопје и се лица на возраст од 18 до 67 години.
Од страна на Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесени се вкупно 110 кривични пријави за вкупно 132 сторители.

-Според статистичките податоци издадени се вкупо 109 решенија за изолација, 140 лица потпишале изјави за самоизолација.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката“напиша Чулев.

Од МВР најавија дека согласно препораките за заштита од корона вирусот, прес конференцијата ќе се емитува и на официјална фејсбук страница на Министерството за внатрешни работи и официјалната фејсбук страница на Министерот Наќе Чулев.

Истовремено, прес конференцијата во висок квалитет ќе се пренесува youtube страната на МВР преку следниот линк https://www.youtube.com/channel/UCLgINcL3FUs2ky2pQiFDpBw

Инаку, до редакцијата на ако.мк, пристигна допис од сведок кој тврди дека во позадина на целиот настан лежи политичка пресметка меѓу членови на СДСМ од оваа населба и членови на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ од друга, во која се вплеткани полициски службеници, а инцидентот наводно се случил поради месетење на ,,лежечки полицајци“ на фреквентна улица каде се вози брзо, а не поради играње карти во двор.

АКО.мк