Министерот Чулев со знамиња го сокрил натписот Република Северна Македонија

Техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев, кој на ова место дојде на предлог на ВМРО ДПМНЕ, денеска се појави на прес конференција на која натписот на паното зад него, Република Северна Македонија, го сокрил со знамиња.

Наќе Чулев

Функционерите од ВМРО ДПМНЕ во техничката влада ја бојкотираат придавката Северна.

Но, Чулев направил превид, па на логото на МВР на пултот и лево од него не ставил лепенка врз Северна.

Еве како изгледа прес салата кога држеше прес конференции Оливер Спасовски.

АКО.мк