Мирјана Најчевска поднесе оставка од Советот за реформи во правосудниот систем

Професорката Мирјана Најчевска, која патем неодамна беше назначена за претседател на Советот за реформи во правосудниот систем, поднесе оставка. Еве ја нејзината оставка:

,,Почитувани членови на Советот за реформа на правосудниот сектор,

со ова официјално поднесувам оставка на членувањето во ова тело.

Изминатиот период јасно покажа дека ова тело е формирано само како параван за решенија кои се носат на друго место и служи за создавање лажна слика дека некаков екпертски тим има влијание врз реформските процеси во правосудството.

Фактички, ова тело нема достап до никакви информации, нема удел во ниту едно реформско решение, и не учествува во анализите на законите кои се менуваат.

Јас како независен експерт и како универзитетски професор немам намера да служам за залажување на граѓаните и не дозволувам моето име да биде искористено во политичките промени кои се нарекуваат правни.

Да не остане ништо нејасно: поднесувам официјална оставка и изјавувам дека не сум ги видела законските текстови кои се влезени во собраниска процедура или е најавено дека ќе бидат ставени на дневен ред на Собранието (Законот за јавнообвинителска служба, Законот за кривична постапка, Законот за полиција, Законот за извршување, Законот за извршување на санкциите, Законот за јавното обвинителство, Закон за судовите)“.