Продолжува мистеријата околу Емилијано Сала, агентот кој го нарачал летот се огласи со СМС , според него тешко било да се организира летот и тие немале никакви шанси да одлучуваат со каков авион ке лета Сала.

Вил Мек Кај за bbc.com објаснува дека тешко било да се организира лет од Нант до Кардиф со комерцијален авион, затоа решиле Емилијано Сала да го пратат до Кардиф со приватен авион, тие не решавале со каков авион ке лета Сала.

Според достапните информации, во разговор со Сала, потенцирале дека е тешко да се организира лет до Кардиф, ние не учествуваме во изборот на авионот и пилотот, едноставно требаше да се стигне до Кардиф, Сала знаеше за проблемот и ние го информиравме за тоа- изјави Мек Кај.

Мек Кај изјави и дека контактирале со семејството на Сала по трагедијата која се случи, имаме соработка но ние не сме виновни за инцидентот, изјави Мек Кај.

Фудбалерите на Кардиф во вторник ке носат жолти ленти на дресовите на мечот со Арсенал во Премиерлигата во знак на почит и респект за Сала.