Митаноски: Играорците од Косово-етно или ,,политички фолклористи“?

П

Новинарот и публицист, Веле Митаноски, кој живее во Охрид, вчера на неговиот ФБ профил, за оние кои добро го познаваат, се огласи со една, за него, можеби, преостра реакција, по повод велигденското украсување на цитаделата над Охрид, со мега- официјалното знаме на Република Албанија.

Митаноски, во разговор со нас, вели дека бил иритиран не толку од знамињата со двоглавиот орел, колку од објаснувањата дека тоа била детска игра на фолклористи. Тој репостираше фотографии од пред точно две години, со коментарот:

– Пред две години денес: Е,мои, драги пријатели Албанци (по професија и ситуација!) и други ценети и загрижени муслимани, ова е за сите вас, кои ме обвинивте за албанофобство и антимуслимански чувства, после мојот вчерашен пост.Е, ова се фолклористи, драги мои. А, не оние, кои вчера скришум и кукавички ја украсија цитаделата во Охрид! Велат тоа било “само наивна детска игра (перформанс!!!!”) и “фолклор”. Можеби, во право сте – АМА, само ако мислите на – ПОЛИТИЧКИ ФОЛКЛОР!!!

Во Охрид пред две години од фолклорниот балкански фестивал

А, еве, што Митаноски, напиша вчера, објавувајќи ги фотографиите од охридското кале:

Самоилова тврдина вчера

-Што е премногу, премногу е, или по народски – куте, куте за очи: Тие што ја испратија оваа неизживеана дечурлана да се изживува на крепоста на Самуила, нека дојдат,сега, минарето да го доизградат! Па, да видиме чија мајка ситно ќе преде!!!???-напиша Митаноски.

Неговиот пост предизвика мноштво коментари. Од политичка, национална, верска, па дури и професионална природа.

Загрижените политичари, кои не спорат со Митаноски дека е ова политички фолклор, побрзаа со оценките дека е ова ,,нарачка од бандата на Груевски”, дека е ,,нарачка од Будимпешта”, дека е ,,смут за гласачкото тело да не излегува на избори, за да дојде до дестабилизација и предвремени парламентарни избори”  и слично.

Митаноски пишува дека тоа е секако нарачано, тој и самиот во постот се обраќа кон ,,тие што ги испратија младите да ја направат оваа провокација”, но бара да не се избрзува со заклучоци – за тоа од кого е нарачана?

Делот од постот на Митаноски: “Тие што ја испратија оваа неизживеана дечурлана да се изживува на крепоста на Самуила, нека дојдат,сега, минарето да го доизградат! Па, да видиме чија мајка ситно ќе преде!!!???”, предизвика коментари од верска, национална и професионална природа. Се фатија за минарето (дивоградба), иако Митаноски јасно се обраќа кон инспираторите на ,,перформансот!”, односно  ,,наивната детска игра! “.

Демек, што има врска сега ова со минарето!?

Митаноски, пишува дека, тука, првата работа е превенција, а втората минарето. Превенцијата, во смисла: Што ќе се случеше ако децата горе ги нападнеа други деца, со ист акал како нивниот!? Среќа во несреќа е што најнапред пристигнала полицијата и оневозможила ,,поинаков близок контакт!”:

– Минарето има врска и те каква. Ама гледајте го заедно со другата градба и металните столбови. Не случајно ја постирав таа фотка, пишува Митаноски, асоцирајќи на соседната дивоградба (ресторан веднаш над столетниот чинар), кој, исто така, е дивоградба, ама, ете, сосема, случајно, си ја гради за себе си истиот оној кој ја доградува и џамијата (дивоградба), се разбира – сосе минарето!

Дивоградба до џамијата

Интересно и не без значење, во оваа полемика, пишува Митаноски, најразумните коментари дојдоа од Албанци и цитира еден, испратен од Виена:

– Глупости и од едните и од другите. Првите требало да побараат дозвола, а другите да прекинат со омраза. И војна почнете!

Митаноски пишува дека наполно се согласува со коментарот на ФБ пријателот од Виена, но бара, истото, да му го каже, како што напиша “на тој погоре – Албанец по професија и ситуација!”

– Тој многу добро знае дека јас не сум првиот албанофил во оваа кутра земја, но дека сум последниот албанофоб!Му напишав: No coment! Цинично се поигрува: Е, оти така!Тоа му го напишав, за да му текне дека нема право да ми се обраќа со прво лице еднина -Веле.Тој пак, не разбира, е па – “тражили сте гледајте”, подолу ќе му објаснам, штом толку инсистира, пишува Митаноски и продолжува:

– Е, па вака почитуван …: Бидејќи Вие дадовте многу разумен и оправдан коментар, веќе ви кажав дека наполно се согласувам со вас, побарав од Вас, тоа да му го кажете и на тој погоре – Албанец по професија и ситуација!Тој многу добро знае дека јас не сум првиот албанофил во оваа кутра земја, но дека сум последниот албанофоб!Му напишав: No coment, за да го поштедам.

Но тој продолжува, цинично се поигрува: “Е, оти така!”.

Го поштедив, за да му текне дека нема право да ми се обраќа со прво лице еднина – Веле. По негов избор, од 18.04.2012 (денот на мојот роденден), во 20 часот и 16 минути.

По негов избор, го нема, во мојот живот, еве, веќе цели 7 години! Ете го наеднаш – со Веле, со поуки и навреди.

Е, па “тражили сте гледајте”: Тој човек, не може да биде Албанец, освен по професија и ситуација! Вистинскиот Албанецот знае за беса и за побратимство – до крајот на векот.И не заборава. Овој заборави дека, го исмејува човекот, кој го направи првото комерцијално радио на албански јазик во Македонија.И дека воспитаник му е, денес, покрај драгата Арта, најдобриот новинар Албанец кај нас.

За тоа “национално предавство”, овој човек знае дека Заштитниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, ме осуди – на знаете што! Не денеска, денеска е лесно да се биде “генерал после битка!”, зборувам за 1992/93 година.

Овој заборави дека првото јавно појавување на Али Ахмети (на кој овој се шлепа по роднински функции), во Дебар, го организираше, од идеја – каде, до последната запирка – како, човекот кој тој денес го исмејува!

Овој човек, заборави, дека по мој избор, беше дел од државна делегација во НР.Кина.

Овој човек го заборави, денот, кога, како на брат, ми рече дека најголема желба во животот му е да појде на некоја Олимпијада. Овој човек, заборави, дека човекот кого денеска го исмејува, му рече: Брате, ако толку сакаш, повели, моите две покани (за мене и сопругата), искористи ги ти со сопругата – две недели во Пекинг, каде не само што нема да се фатишза џебот – за авионски карти, сместување и гостевање, туку ќе бидете третирани на ниво на државници, дури Кинезите ќе ве прашаат кој број патики и трењерки носите!? Е,па, драг…, еве вие и останатите мои Албанци (ги имам, сполај му на Бога, искрени и интимни се до членови на МАНУ), ценете самите, колку овој човек бил навистина човек и колку овој Албанец по “професија и ситуација” бил вистински беса – Албанец!?-пишува Веле Митаноски на својот Фб профил по повод истакнувањето на знамето на Република Албанија на Самоиловата тврдина и реакциите поврзани со овој немил настан на втор ден Велигден во Охрид.