МИТ обвинува за ,,неподнослива тортура”

Приватниот МИТ универзитет, кој вчера беше предмет на истрага од страна на Основно јавно обвинителство со асистенција на полиција, денеска обвинува за тортура. Тие ги повикуваат студентите на редовна настава.

,,И покрај неоподносливата тортура која што на 5 октомври 2016 се изврши врз универзитетот, а воедно и растревожување на нашите студенти и наставен кадар, МИТ Универзитет од 6 октомври 2016 продолжува со тековни активности.

Се известуваат сите студенти дека наставата ке се одвива во регуларен тек.

Бруцошите ќе следат обука за електронскиот систем која ќе се одвива во објектот „City Gallery“ плоштад Македонија во претходно закажаните термини” – стои во соопштението објавено пред малку на нивната веб страница.

Инаку, полицијата вчера, по наредба на Основното јавно обвинителство спроведе акција во просториите на приватниот МИТ универзитетот во сите три објекти во градот, заради наводни неправилности во работењето.

Од ОЈО велат дека истрагата се уште трае и уште не можат да дадат конкретни информации за нејзиниот тек.

Инспектори од МВР, од Управата за Јавни Приходи и од Министерството за образование, во придружба на вооружани полицајци ја проверуваат целокупната документација на универзитетот. Основното обвинителство соопшти дека јавен обвинител дал наредба полиција да изврши претрес на повеќе објекти кои им припаѓаат на МИТ универзитетот. Оттаму велат дека се вршат претреси за да се прибават документи и други предмети што би се користеле како докази во кривична постапка. Претреси се направени и во станот на сопственичката Билјана Апостолова, која тврди дека станува збор за политичка одмазда.

На четирите локации извршен е претрес на 7 одеделни места,а при претресот на станот на сопственичката пронајдени се два индекси од кои еден на турски студент запишан на дентална медицина, за што МИТ Универзитет нема дозвола за работа, ообјави Алфа тв.

Во канцелариите на факултетот пронајдени се и списоци на суденти кои биле запишани на стоматологија и физиотерапија, за што Универзитетот исто така нема дозвола.

Во моментов УЈП има отворено налози за три фирми поврзани со МИТ и вршат проценка исто како и просветниот инспекторат. Покрај тоа, пронајдени се и каса прими од уплати и договори за студирање на козметологија.
Некои медиуми, објавуваат дека станува збор за полициска акција под кодното име „Еразмус 2“.

Интересно е што во МИТ порано беше вработен актуелниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов и како Тони Науновски сега вработен во КЗД, кои добија отказ.

Заменик министерот за внатрешни работи Андонов, вчера за дел од провладини медиуми и портали даде изјава во која ги негира обвинувањата на Апостолова и тврди дека тој не бил информиран од ОЈО за оваа акција која, според него, се подготвувала уште пред да ја добие оваа функција. Тој тврди дека сам си дал отказ во МИТ во април.