Михаил Баришников во Белград

 

Светски познатиот балетан со руско потекло Махаил Баришников деновиве претстојува во Белград каде ќе одржи три концерти на 23,24 и 25 април во Театарот на Теразије. Тој ќе настапи во балетското дело,,Баришников/Бродски“ инспирирано од поезијата на поетот нобеловец Јосиф Бродски кој бил близок пријател со Баришников. 68 годишниот балетан дојде во Белград со лет од Минхен, а на аеродромот беше спроведен со лично и полициско обезбедување.
Zorana JevtićЕден од првите кои имаа средба со балетската ѕвезда беше секако Премиерот и иден Претседател на Србија Александар Вучиќ, а со него ќе се види и претседателката на Собрание на Србија Маја Гојковиќ, која во младоста играла балет.
Михаил Баришников се испроба и на филм , па тој оствари впечатлива улога како еден од љубовниците на Кери Бредшо(Сара Џесика Паркер) во култната серија Сексот и градот.