Михајлова в.д. Претседател на Кривичен, Бајлозова на Врховен суд

Татјана Михајлова од Основен суд Скопје 1-Скопје е избрана за в.д. Претседател на судот на денешната седница на Судскиот совет, а Снежана Бајлозова е в.д. Претседател на Врховен суд. Изборот за привремени претседатели следуваше откако на двајцата досегашни Владимир Панчевски и Лидија Неделкова им завршија мандатите. Бидејќи мора да има први луѓе на овие две судски институции до избори се одеше на варијанта вршители на должност, а по изборите ќе следува редовен избор на Претседатрели на судовите.

Бајлозова е кандидат и за редовниот избор на Претседатрел на Врховен суд, покрај веќе поранешната Лидија Неделкова, исто така поранешниот Јово Вангеловски и  нејзината колешка Беса Адеми.

Михајлова пак , која води еден од предметите на СЈО, конкретно против Никола Груевски за еден од оформените предмети што се однесува на нарачаните шлаканици за Жерновски, нема конкурирано за редовниот избор, туку таа доаѓа од непосредното опкружување на Панчевски како негов заменик.

За Претседател на Кривичен суд во редовна процедура конкурирале Владимир Панчевски, Владимир Туфегџиќ и Иван Џолев.