Синиша Михајловиќ вчера на прес конференција објави дека боледува од леукемија, но прв кој ја најави страшната вест беше спортскиот весник „Corriere dello Sport“ со наслов  „НАПРЕД СИНИША“.

Таа информација ја презедоа сите во Европа и го цитираа изворот „Corriere dello Sport“ . Михајловиќ беше лут на својот долгогодишен пријател Иван Зацарони кој е потписник на текстот и долгогодишен пријател на Србинот.

„Сакав да бидам прв кој ќе ви соопшти што ми се случува. Но некој не сакаше да ја почитува мојата приватност. Благодарение на тоа продаде 200 парчиња новини повеќе од вообичаено, но со тоа го уништи и пријателството кое траеше 20 години“ – изјави Михајловиќ.