Мицкоски ги повика Заев и Анѓушев да ги отуѓат своите удели во нивните компании

,,Во интервју за Makfax потврдив дека ги отуѓив тие 7 проценти удел во хидроцентралите и веќе не сум сопственик во таа компанија, ги отуѓив без никаква економска награда. Го повикувам и Зоран Заев и сите останат политичари кои што се сопственици на удели додека ја обавуваат функцијата, додека вршат јавна дејност да излезат од компаниите, да ги отуѓат, но не формално да ги отуѓат, туку суштински да ги отуѓат бидејќи се’ додека таму се тие доминантни сопственици, а не сопственици на малцински пакет акции навистина постои основано сомнение за корупција и влијание врз определени економски текови во државата“-вели Мицкоски.

Тој во интервјуто за Макфакс зборуваше и за случајот Рекет и инволвираноста на Ременски:


,,Во однос на актуелните истраги за случајот „Рекет“ сметам дека ,,Октоподот“ треба да заврши до главата и до главниот инспиратор и човекот кој што практично бил информиран за сето ова што се случило, но, тоа секако не е Фросина Ременски. Органите на прогонот треба да ја истераат истрагата до крај и да откријат кој е главата на октоподот, кој давал наредби за спроведување на овој криминален скандал.
За да и се случи Обнова на Македонија, нам ни требаат сериозни коренити реформи во начинот на функционирање на образованието, бидејќи за жал кадарот кој што го произведуваме одлучува да ја напушти Макеодонија, бидејќи има подобри услови надвор.Затоа еден од суштински проекти кој што сакам да го спроведеме во иднина е проектот за градење на научни истражувачки центри на странски мултифункционални компании,нам ни треба сериозно инвестирање во продукцијата на кадар, за да овозможиме да немаме одлив на мозоци, тие луѓе да останат тука, да работат високо квалитетна и платена работа“-вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ.