Мицкоски го кани премиерот Заев во МТВ на дуел идната среда во 20 часот

,,Подготвен сум во текот на наредната недела, во среда, во 20.00 часот на јавниот државен сервис Македонска Телевизија, без ракавици и апсолутно држејќи се до вистината, да се оддржи дебата на која ќе разговараме за името, и не само за него, туку и за апсолутно лошата економска состојба, тешкиот живот на граѓаните, за бројните скандали и изневерените очекувања. Јавноста заслужува одговори, а јас немам што да кријам, затоа што во политиката влегов со чест, принципи и достоинство. Така и ќе продолжам во иднина, затоа што вистината нема цена, а граѓаните заслужуваат многу подобро!“-напиша лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој пред два дена го повика премиерот Заев на ТВ дуел.