„Кога не знаеш зошто се случува ова синко, да знаеш за пусти пари го продаде својот народ.
За власт, за моќ, за функции.
И затоа денес ги нема парите, ниту во народот, ниту во фирмите.”
Ех Зоране… ќе остане запишано-напиша пред гласањето на својот ФБ профил лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој се обидува со црна кампања против Зоран Заев да ги добие симпатиите на неговите противници:
Мицкоски бара предвремени избори:
,,Народот, вие давате и земате власт. Затоа избори, избори се потребни на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. Избори на кои народот ќе има можност да каже каква Македонија сака. Северна Македонија на Заев, во црнила, понижена и засрамена, или Македонија на народот, горда, напредна, почитувана.
Овие црнила на Заев ќе бидат поразени на тие избори, а Македонија ќе победи и зората ќе ја огрее“-изјави тој.