,,Ниту ги сфаќам , ниту можам да ги разберам“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес конференција , и објави дека седумтте пратеници кои гласаа за уставни измени се исклучени од партијата.
Тој ги прочита имињата на Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова , Љубен Арнаудов и Зеќир Рамчмиловиќ и рече дека сега тие ќе мора да живеат со овој срам.