Мицкоски: Заев го повлече предлогот да биде Министер за финансии затоа што мора, а не дека е чесен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус поврзан со предлогот на Заев да биде министер за финансии , кој подоцна беше повлечен од самиот премиер.

-Повлекувањето на предлогот Зоран Заев покрај премиер, лидер на СДСМ да биде и министер за финансии, не е затоа што е премногу чесен туку зошто законот е таков. Но, ова е и добра прилика да излезат на површина уште еднаш како многупати претходно неговите лукративни и криминални амбиции директно да управува со финансиите и под своја контрола да има уште десетина други институции. Да не беше трагично сигурно ќе беше смешно. Се покажа дека со Заев зборот не важи, туку зборот лажи.