Мицкоски: Здравствениот систем е гнил, фали уште луѓе да умираат по улици

Опозиционерот, лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно ја обвини влста за зголемување на заразените и починати од Ковид 19.

,,640 новозаразени и дури за 12 починати. А законот за заразни болести во кој се колне Филипче не е за болните туку за надлежностите и процедурите.Но, не ја испуштија можноста да посочат виновници и направат политика. И додека се чека 27-ми, кога и е на дневен ред законот, фали уште и луѓе да умираат по улици, бидејќи здравствениот систем е трул, не е ефикасен и е пренатрупан.Бог нека ја чува Македонија. Очигледно владата тоа не го може одамна“-вели Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ по неколкудневна блокада на Собранието, објави дека ќе направи кворум, но дека нема да ги гласа измените на законот за здравствена азштита со кои ќе се овозможат некои мерки за спречување на ширење на корона вирусот.