Мицкоски: Имаме длабоко неуспешен референдум

,,Ова е Македонија. Македонија денеска кажа дека договорот не поминува. Имаме длабоко неуспешен референдум. Заев доживеа политички дебакл.

Факт е дека договорот со Грција не доби зелено светло. Народот на Република Македонија кои се сопственици на оваа земја, кажаа што мислат.

Оние што апстинираа ја испратија најсилната порака. Овде живеат Македонци. Нашиот идентитет и јазик се македонски. Ви благодарам. Ја имате мојата длабока почит“-рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.