Мицкоски не ги повика Албанците да гласаат за Силјановска

На ВМРО ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски,не им требаат гласовите на Албанците. Тој во повикот до сите етникуми да излезат на избори на 21 април и да гласаат за нивниот претседателски кандидат, ги испушти Албанците или во најмала рака ги стави под графата-и сите други.

,, Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април, масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова“-повика Мицкоски.

Бошњаците во Македонија реагираат дека Босанците кои Мицкоски ги повика да гласаат за Силјановска, се конститутивен народ во Босна и Херцеговина, а овде уставно признаен е бошњачкиот народ.