Мицкоски-Нимиц: ВМРО ДПМНЕ ги поддржува преговорите за името и бара да не се задира во идентитетот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска (01 февруари 2017та година) заедно со потпретседателот Александар Николоски, генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името Метју Нимиц.

На средбата стана збор за актуелниот процес  кој се води под покровителство на ОН поврзан со постигнување на решение за спорот со Република Грција.

На средбата претседателот Мицкоски ги афирмираше официјалните ставови и позиции на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорт за името.

Тој посочи дека разговорите треба да продолжат да се водат во рамката утврдена од Обединетите нации, почитувајќи ги документите и принципите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата.

На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативи чувства кон Република Македонија и истите  не се од помош на целокупниот процес.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните и националните интереси и да не го загрозува националниот идентитет на Македонците.