Мицкоски одбил средба со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа, открива дека неговиот кабинет досега не успеал да договори средба со опозиционерот Христијан Мицкоски:

,,Се видовте ли со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски?“-праша новинарот на РСЕ.

,,Се видов и со албанската опозиција и со албанските партии на власт. Се видов со македонските партии на власт, се видов со партиите на етничките малцинства, односно други етнички заедници кои не се мнозински, дури и со оние политички партии кои не гласаа за мене на претседателски избори, меѓутоа досега не успеав да направам средба до господинот Мицкоски, со образложение дека сега не е моментот“-вели Пендаровски.

Тој вели дека неговите средби се со една цел, помирување во општеството.