Мицкоски од Кавадарци: Да ги вратиме на буништето на срамната историја преку предвремени избори

Опозициската ВМРО ДПМНе одржа протестен митинг во Кавадарци. Лидерот Мицкоски побара предвремени избори:

,,Колку сака Заев нека глуми радост нека бакнува пенкала на еден непрописен и непристоен начин, колку сака нека се лажат и надлажуваат тој, Димитров и Шекеринска, но факт е дека пред да влеземе во НАТО и ЕУ прво треба да се промениме самите ние, да размислуваме и делуваме европски, а за тоа да почне треба да дојде една нова генерација на политичари односно, најпрвин треба да раскрстиме со остатоците на политичките транзиционери кои се уште ги окупираат кабинетите во владата, во министерствата и во јавните претпријатија во оваа наша мила и напатена татковина Република Македонија. Треба да раскрстиме со тие политичари, нема друга алтернатива, а тоа го можете само вие народот на следните предвремени парламентарни избори да ги вратиме на буништето на срамната историја“-изјави Мицкоски на протестот што го одржа оваа партија во Кавадарци.

,,Она што се случува во дипломатијата е само финалето на тој тотален хаос кој се продуцира во секоја сфера од животот. Во економијата, во здравството, образованието, земјоделието, социјалата, буквално во секој еден ресор.

Имаме одземена држава. Дојдоа на власт со сурова злоупотреба на судбини. А денес нема недела да не ни се случи по некоја смрт на дете, некое претепано бебе, злоупотребен малолетник, прерано изгубен човечки живот.

Некоја мајка која се завива во црно и некој плач од кој се превртува душата пече и боли, но на нив тоа не им е гајле. Хелихоптерот е тука пали и вози на ручек и вечера, затоа дојдоа. Власта ја загуби совеста. Министерот за внатрешни работи ќе го видите во јавност како се приклучува на онаа партиски оркестрираната еуфорија, демек славел, ама нема да го видите на прес конференција на која ќе излезе и ќе ги објасни причините и мотивите за прераниот изгубен живот на Никола Саздовски, дека ги фатил злосторниците и дека истите се во занданите и ќе одговараат за злоделото кое што тоа го направија. Нема тоа да го слушнете. Но затоа пак ќе ги видите во скапите лимузини, ќе ги видите во ресторани и те како прославувале демек нешто.

Најмалку што треба да направи и ако има најмала совест во него е да излезе и да поднесе неотповиклива оставка веднаш. Сведоци сме на други немили настани во градот Скопје кои проаѓаат онака како ништо да не се случило, како статистичка грешка деца се прободени со ножеви, а истите оние сторители на тие злодела коишто се фатени добиваат казна, засилен надзор од социјален работник. Па тие луѓе ќе ги изгубат животите, што треба повише да се случи за да веруваме дека не ве бива. Дека не знаете што правите. Не можете тоа да го покриете со целокупната нарачана армадила на текстови и против мене и против ВМРО-ДПМНЕ. Не можете тоа да го направите, треба јасно и гласно да им порачаме од гордо Кавадарци ВМРО-ДПМНЕ е на сите вас“-рече Мицкоски.