Мицкоски очекува брзо пронаоѓање на тепачите на Палевски или народот ќе почне со самозаштита

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, виновникот за претепувањето на Љупчо Палевски го гледа во Владата, се закани дека народот ќе примени мерки на самозаштита.

,,Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина“-порача Мицкоски.

,,Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него.

И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент. Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и прачки“-се вели во неговата реакција.

Трета опција објави дек Палевски е нападнат од двајца маскирани во црна облека кои дошле на мотор и почнале да го тепаат со метална прачка.

Порталот 360stepeni објави фотографија од местото на настанот:

Фото: 360 степени

.