Мицкоски: Послушајте го своето срце и така постапете на 30 септември(видео)

Средбата со еврокомесарката Могерини помина во еден пријателски убав амбиент. Ги разменивме мислењата околу актуелните политички случувања во државата и ги кажавме нашите аргументи, информираше лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

,,Ја користам оваа прилика да се обратам лично до граѓаните на Република Македонија, а истото тоа е поврзано со неколку последни несреќни изјави кои што претседателот на Владата, премиерот Зоран Заев изминатите неколку дена егзибиционистички во свој стил, неконтролирано ги кажува за време на оние соочувања со граѓаните.
Никој во историјата не успеал да го понижи сопствениот народ, македонскиот народ и останатите граѓани во Република Македонија како што тоа го прави Зоран Заев изминатите денови.
Затоа би сакал сите вас, граѓаните на Република Македонија, Македонците, но и останатите да ве замолам да го задржите вашето достоинство, да не потпаднете на провокации од страна на претседателот на владата, вие сте горди, вие сте достоинствени што живеете во оваа држава.
Послушајте го вашето срце и разум како да постапите во својот живот, така и постапете на 30 септември“-порача Мицкоски по средбата со Федерика Могерини.