Мицкоски праша до каде е канализацијата во Арачиново и им се обрати на Албанците

До каде е ветената канализацијата во Арачиново запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто на МРТ 2. Тој потенцираше дека оние кои не ги исполнија своите ветувања треба да дадат отчет зошто лажеа граѓаните. Каде се проектите кој им ги вети Заев на граѓаните кои требаше да им го направат животот на Албанците подобар, додаде тој.

-До каде е канализацијата во Арачиново? Сте слушнале? Јас не сум слушнал дека шајка е задената. Треба да молчиме? Не нема да молчиме затоа што ние се бориме не за оние Албанци во Владата и во функционерските столчиња, туку се бориме за оние Албанци во Желино, за Албанците во Теарце, во Тетово, во Чаир кој што имаат реални проблеми и ние ним им се обраќаме. Ние сме тука да понудиме решенија за вашите реални проблеми. А овие кои што ги изневерија вашите очекувања и фино залегнаа во фотелјите треба да дадат отчет зошто лажеа, заклучи тој.

Политиките на опозицијата се базираат на принципиелна, изречна и честита реторика која не ги дели граѓаните на Република Македонија по етничка припадност. Тој посочи дека опозицијата нема да молчи за неисполнетите ветувања на албанските политичари во Македонија, бидејќи тие не ги решаваат проблемите на сите граѓани подеднакво.

-Ние имаме принципиелна, искрена и честита реторика и таа реторика не ги дели граѓаните на Република Македонија на Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи, Срби, Бошњаци туку за нас сите тие споделуваат исти проблеми и исти маки. Но доколку очекувате…Еве примери неколку ќе би дадам. Знаете до каде е реновирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово? Се сеќавате лани, градоначалничката излегуваше, министерот за образование велеше дека има средства, минатата година практично дека ќе отпочне реновирањето на гимназијата. Еве јас ќе ви кажам до никаде, тоа не постои. И никој не ги прашува градоначалничката и министерот зошто лажеа? Ние треба да молчиме само затоа што се Албанци? Па тие Албанци прават проблеми и на Албанци во тие општини, изјави Мицкоски воинтервју за МТВ2 програма на албански јазик..