Мицкоски: Со Груевски разговарав за политичкиот прогон и личните моменти

,,Пред неколку дена имав средба со Никола Груевски. Разговаравме за ова што му се случува за политичкиот прогон на кој е изложен, јас како актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а тој како почесен претседател имаме заедничка тема не само за партиското функционирање, туку и за личните моменти“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи на телевизија Алсат-М, а говорејќи за тоа дали имал средба со почесниот претседател на партијата, Груевски.

Мицкоски укажа и дека иако подолго време немале комуникација сакал да се сретне зошто сакал да ги види сите детали што се поврзани со политичкиот прогон врз него.

-Разговараме, додаде Мицкоски, и за политиките во изминатиот период.

Оваа непринципиелна коалиција на овие 7-мина, 8-мина со Зоран Заев претпоставувам ќе креира во рамките на таа парламентарна група која што ја најавуваат определен документ. Доколку тој документ којшто тие ќе го креираат и ќе го наречат помирување, навистина дава одговор на сите случаи коишто се подложни на политички прогон, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија во рамките на Собранието, истиот ќе го подржи, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М.

Тој уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува во комисијата за помирување, бидејќи смета дека 7-те пратеници кои се исклучени од партијата се уценети за да учествуваат во оваа комисија со акција која граѓаните ќе ја дознаат за месец и пол до два од сега.

-Има две причини поради која не учествуваме. Едната сме ја кажале и во минатото, а е поврзана со претседавачот на таа комисија, а втората е бидејќи јавноста знае и ВМРО-ДПМНЕ знае дека работата на таа комисија е уценета со една друга акција која треба да следи за месец и пол до два од сега, додава Мицкоски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com