Мијалков демантира, Зекири тврди дека е нападнат од неговото обезбедување

Пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири за неколку македонски медиуми изјавил дека синоќа бил нападнат и исфрлен од кафуле на кејот на Вардар.

– Јас со пријатели имав резервирано маса во Дион и дојдовме таму. Дојде едно лице и ни рече напуштете го веднаш локалот, непожелни сте, има приватна забава. Се обидов на лицето да му објаснам дека имаме резервирано маса, но тој ја преврте. Потоа почнааа со туркање да ме вадат надвор, а забележав дека во локалот е Сашо Мијалков. Едно од лицата извади полициска значка, а друг ме удри одзади. Јас и пријателите излеговме и случајот го пријавив во полиција – изјавил за Либертас нападнатиот Зекири.

Инцидентот го предизвика обезбедувањето на Мијалков, а тој директно го побара тоа од нив, тврди нападнатиот пратеник.

Од друга страна , поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков во писмена изјава тврди дека изјавата што ја дал Мухамед Зекири е целосна лага и клевета.

-Најостро ги демантирам манипулациите дека некој од моето обезбедување го нападнал. Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби“, се вели во писмената изјава на Сашо Мијалков.