Мијалков и Јанкуловска заедно заминаа од судот со тројца телохранители

Поранешните први луѓе на МВР, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, по пресудата за поранешната министерка од 6 години затвор за случајот ,,Тенк“, заедно заминаа од судот, придружувани од тројца телохранители.

Јанкуловска одби да даде изјава. Таа рече дека сѐ ќе биде кажано во жалбата што ја подготвува нејзиниот правен тим.