Денеска во салата на “Кинотека на Македонија” , пејачката Мијата го промовираше спотот за нова композиција “Домаќинска” во која таа е автор на текстот, а истовремено и го режираше спотот.  Интересно е што инспирацијата за песната таа ја добила додека виткала сарми.

” Моето семејство ја слави Пресвета Богородица Пречиста и секоја година традиционално со свекрвата виткаме сарми, а напомош ни доаѓаат и пријателки за да ја завршиме работата побрзо. Бев во шок додека го слушав тоа и во истиот момент добив инспирација за да напишам песна”, рече Мијата на промоцијата.

Инаку, музиката и аранжманот се дело на Петар Димитровски, а во видеото покрај неа се појавуваат уште три нејзини пријателки. Видео записот е сниман во студиото на Универзитет за аудиовизуелни уметности, а директор на фотографија е Сашо Доковски.