МКД.мк: ,,Пуцко Петрол“ за 18 месеци доби 395 тендери од државата!

Порталот МКД.мк објави дека фирмата „Пуцко Петрол” во сопственост на градоначалникот на ДУИ во Пласница, Исмаил Јахоски, доби нов државен тендер, овојпат на Службата за општи и заеднички работи на Владата за 50 илјади евра.

Според МКД, во последните 18 месеци, според податоците на Бирото за јавни набавки, компанијата на Јахоски доби вкупно 395 тендери вредни 34,56 милиони евра.

Според последниот тендер „Пуцко петрол“ е должен да испорачува мазут за објектите на Вила Дојран, Комплекс вили Охрид, Вила Попова Шапка, Вила 2 Скопје, Вила 3 Скопје и Клубот на Републички органи – Скопје.

Претходно „Пуцко – Петрол“ е потписник на тендерите за ЈСП-Скопје вреден 15,3 милиони евра, гориво за службените возила во Министерството за правда вреден 34 илјади евра, гориво и масло за греење од 150 илјади евра за Охридската болница, масло за греење за болницата во Струга во вредност од 100 илјади евра… На листата на институции на кои „Пуцко  – Петрол“ само годинава им продал услуги се и општина Студеничани, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Сарај, Управата за јавни приходи…

„Пуцко Петрол“ во 2017 и 2018 година склучил договори за 395 тендери вредни 2.143.110.674 денари или околу 34,56 милиони евра, пишува МКД.мк.

Фото:Исмаил Јахоски,градоначалник на Пласница и сопственик на ,,Пуцко Петрол“