МКД: Тамара починала од воспаление на бели дробови и родителска негрижа

Порталот МКД.мк, објави шокантни податоци од обдукцискиот наод за смртта на Тамара Димовска, кој е дел од документацијата на судскиот процес кој започна пред неколку дена.

Резултатите од обдукцијата покажуваат  дека деформитетот на ‘рбетот на Тамара, нема причинско-последична врска со нејзината смрт. Тоа значи дека Тамара не починала од последици поради нејзиниот деформитет, туку од родителската негрижа и нелекување на воспалението на белите дробови, пишува овој портал.

Исто така, направени се сериозни пропусти во пропишаната процедура за упатување на лекување во странство.

Сите овие слабости во процедурата ревизорите ги регистрирале во својот извештај од 2017 година. Тие во извештајот велат дека за 30 донесени решенија за лекување во странство во Фондот за здравствено осигурување бил пробиен законскиот рок од 45 дена. Во актуелниот случај тој рок од 45 дена е еден од главните аргументи на обвинителството.

МКД.мк пишува дека поседува документација од која се гледа дека лекарските комисии (првостепената и второстепената) најпрво (2 октомври 2014) одбиле да дадат решение за лекување од странство само поради нецелосната документација, немањето конзилијарни мислења. Претходно комисијата одржала десет седници од кои постојано било барано комплетирање на документацијата.

И кога документацијата конечно била комплетирана, на 11 декември 2014 година лекарите издале решение за упатување на лекување на Тамара во ,,Медипол мега“ болницата во Истанбул, Турција. Била извршена и уплата на парите (30 илјади евра) на сметката на таа болница.

Лекарите биле уверени дека Тамара е веќе во Истанбул и очекувале позитивни вести. Но, Жаклина Димовска, мајката на Тамара, сметала дека во таа болница операцијата нема да биде успешна и барала друга болница, или во Турција или во Германија, пишува МКД.мк.

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска и нејзиното семејство сега живеат во Словенија.

Повеќе на :МКД.мк