Завршниот турнир од Купот на Република Македонија ќе се одигра во средината на април откако денеска беше одложен поради сообраќајната несреќа која им го одзема животот на четиринаесет наши сограѓани.

Осум тимови во машка конкуренција и четири тима во женска сениорска конкуренција ќе се надигруваат викендот од 12.-14. април во Гевгелија, по истиот распоред како што требаше да се натпреваруваат претстојниот викенд.

КУП на РМ распоред
Ден 1. (12. април, 2019 година ПЕТОК)
13:00 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 1)
15:15 Работнички – Куманово 2009 (четвртфинале 2)
17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (четвртфинале 3)
20:00 Гостивар – Фени Индустри (четвртфинале 4)

Ден 2. (13. април, 2019 година САБОТА)
12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1)
14:15 Вардар – Работнички (натпревар 2)
17:30 Полуфинале МАЖИ 1(победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4)
20:00 Полуфинале МАЖИ 2(победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3)

Ден 3. (14. април, 2019 година НЕДЕЛА)
14:30 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2)
17:30 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2)