Младите во фокусот на СДСМ

Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа во И.Е. 5, и заменик претседателка на СДСМ денеска во Битола рече дека младите ќе бидат во фокусот на СДСМ.,,Денеска сме во Битола да зборуваме за нашиот План за живот во Македонија -рече Шеќеринска.

Целта на овој План се нашите млади, младите од Република Македонија се повеќе да одлучуваат да останат дома. Тука да најдат работа, тука да започнат семеен бизнис, тука да формираат семејство, а не да заминуваат во странство.

Затоа ние сметаме дека државата наместо да вложува во стиропор, треба да вложува во своите млади, бидејќи тие ќе и вратат. Ќе и вратат со подобра економија, ќе и вратат со поголеми семејства, ќе вратат со тој начин што ќе инвестираат во својата татковина.

Затоа во нашиот План за живот во Македонија предвидуваме државата да обезбедува 10.000 евра неповратни сретства за почеток на сопствен бизнис од страна на младите во нашата држава. Тоа значи дека со тие 10.000 евра тие ќе можат да размислуваат да помогнат и на македонската економија, меѓутоа да си помогнат и себеси.

И не само тоа, државата ќе формира старт ап центри во којшто истиве овие фирми, фирми формирани од младите во Македонија ќе им обезбедуваат бесплатно сместување, бесплатни комуналии, бесплатно сметководство и сите дополнителни помошни услуги кои се битни за стартување на мал бизнис.

Дополнително, ќе постои можност да се формираат фирми со само едно евро почетен капитал, да не им правиме на младите дополнителен проблем на оние млади кои немаат капитал, а имаат идеја. Да не им правиме дополнителен проблем со којшто ќе ги обесхрабриме да започнат нешто свое.

Во нашиот План за живот во Македонија вклучуваме и некои европски искуства, затоа планираме да ја воведеме европската младинска гаранција којашто ќе значи дека секој млад човек ќе добие шанса, или да продолжи со своето образование или да добие дополнителна обука и тренинг или да добие шанса за прво вработување. На тој начин голем дел од европските земји ја намалија бројката на млади невработени.

Дополнително сакаме да помогнеме и на студентите во Македонија, затоа во нашиот План за живот во Македонија воведувме студентска легитимација со која тие ќе можат да добијат попусти во студентските центри, во меѓуградаскиот превоз којшто им е сериозен проблем и сериозен трошок, и сите други услуги што ќе ги направат за нивното студирање да биде поуспешно и полесно.

Во нашиот План за живот во Македонија сакаме да дадеме шанса на нашите млади да останат дома, да останат со своите најблиски, да останат во татковината, но притоа да обезбедат пристоен живот и за себе, и за своите семејства” -рече во Битола Шеќеринска.