МНТ онлајн ќе емитува претстави

МНТ се прилагодува на новонастаната состојба:

,,Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас. Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“.

Останете дома, очејкувајте ги линковите за секоја претстава, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн“-се вели во објавата.

 Од утре со почеток во 20 часот и Театар Комедија стартува онлајн и ќе биде присутен и во нашите домови. Секоја вечер ќе можеме бесплатно да гледаме по една од нивните претстави.


Во текот на утрешниот ден ќе биде објавено која претстава ќе може да ја гледаме утре во 20 часот на нивниот YouTube-канал, кој ќе биде достапен од утре.