Могерини загрижена апелира на мудроста на Иванов

Политичката криза во Македонија е многу сериозна и апел Иванов да изнајде сили и да го додели мандатот, се главните пораки од Федерика Могерини по состанокот во Брисел:

„Верувам дека постојат инструменти. Прво е мудроста на Претседателот и второ, капацитетот на Собранието да го процесуира прашањето со тоа што ќе избере Претседател или ќе ја деблокира ситуацијата.Верувам дека со што денес се соочува Скопје уште е институционална криза. Моја најголема загриженост е тоа да не се претвори во меѓуетничка криза и тоа е основната порака што ја пренесов во земјата кај политичарите: не играјте со оган, не го претворајте ова во етнички конфликт, тоа ќе ја руинира земјата и најверојатно ќе се прошири надвор од  нејзините граници“.

Могерини изрази загриженост и за руско мешање на Балканот, но се надева дека влијанието на ЕУ во регионот е многу поголемо.

„Загриженоста постои и таа е длабока, но исто така имам верба која расте поради фактот дека нема друга сила во светот која има толку многу влијание во Западен Балкан, како Европската Унија“. – додаде Могерини по завршување на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ посветен на Западен Балкан.