Могерини и Хан го поздравија изгласувањето на уставните амaндмани

,,Ги искажуваме нашите искрени честитки за гласањето на Парламентот за уставните измени . Ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор во Преспа.

Политичките лидери и граѓаните ја покажаа својата решеност да ја искористат оваа уникатна и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот и решително да напредуваат на патот на Европската унија. ЕУ силно го поддржува овој договор кој станува пример за помирување за регионот и за Европа како целина.

Додека ги очекуваме  следните чекори што кои ќе доведат до целосна имплементација на Преспанскиот договор, Европската Унија останува цврсто решена да продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата кон својата заедничка стратешка цел за интеграција во ЕУ“-стои во заедничата изјава на Федерика Могерини и Јоханес Хан.