Модниот стил на српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ, со владина делегација престојуваше во еднодневна официјална посета на Македонија, во чии рамки беше отворена заедничката гранична контрола на Табановце -Прешево.

Потоа во Владата беше остварена средба со премиерот Зоран Заев, а по разговорите излезе и оваа заедничка фотографија на двете владини делегации.

Брнабиќ обожава класичен стил, сакоата , кошулите , панталоните и чевлите со ниски потпетици се постојан избор за секоја прилика

Во оваа прилика за посетата на Скопје, Ана Брнабиќ одбра сако и панталони во кариран дезен, кој можеби и не е многу соодветен за температури над 30 степени.

Инаку, на средбата со српската премиерка Ана Брнабиќ, како дел од агендата на оваа посета се потпишани три спогодби со кои ќе се збогати договорната рамка помеѓу двете држави:

1. Спогодба за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во земјите
2. Спогодба меѓу министерствата за финансии и царинските управи за заемно признавање на издадените одобрувања за овластен економски оператор
3. Спогодба за соработка во фитосанитарната област и областа на безбедноста на храната и ветеринарство
Продлабочувањето на инфраструктурното поврзување продолжува со настапи за добивање поддршка за транспортни, инфраструктурни и енергетски проекти од заеднички интерес, согласно насоките од Берлинскиот Процес.

Република Србија е еден од нашите главни извозни пазари, трговската размена континуирано расте – во 2018 се забележува раст во висина од 10,7% во однос на 2017. Воедно, српските туристи се едни од најбројните во нашата земја, а од посебен интерес се и заложбите за заедничка промоција на туристичката понуда на двете земји на трети пазари. Од посебен интерес е и иницијативата за взаемно отворање на културно-информативни центри во Белград и Скопје, на што гледаме како на уште еден сегмент кој ќе го зајакне нашето традиционално пријателство, соопшти владата.