Молк во ВМРО ДПМНЕ по скандалот на Диме Спасов

Владејачката ВМРО ДПМНЕ се уште молчи и не се огласи по сообраќајните незгоди и скандали на нивниот високо позициониран член и функционер Диме Спасов. Директорот на Центарот за комуникации на партијата Иво Котевски не одговори на прашањето на Актуелно како го коментираат однесувањето на Спасов.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ денеска беше во Градската општа болница ,,8 Септември“ на пуштање во употреба на најсовремен Центар за физикална и хидротерапија, инвестиција од 25 милиони денари.

Тој зборуваше за рангирањето на Дуинг бизнис, успесите на владата иако официјално не ја предводи.

Дополнителниот заменик министер во министерството за труд и социјала Диме Спасов во текот на изминатата ноќ направи две сообраќајни несреќи со службен џип, а потоа избега од местото на настанот. Во текот на денот не се појавил во полиција да даде исказ.

Јавноста очекува негова оставка и реакција на партијата чиј член и функционер е тој.