Молк кај пратениците по повикот на Едмонд Адеми да ја донираат првата плата

Ниту еден пратеник, партија или пратеничка група не реагираше по повикот на пратеникот од СДСМ Едмонд Адеми да ја донираат својата прва пратеничка плата во хуманитарни цели.

Имено, тој на својот ФБ профил напиша:

,,Наскоро изминуваат 30 дена од конституирањето на Парламентот. Бидејќи за овие 30 дена пратеници не заседаваа, чесно е првата плата, сите 120 пратеници, да ја дадат/донираат на сиромашни семејства, а ги има многу, кои во овие екстремно ладни зимски денови поминуваат низ тежок период. Ова секако нема да им го реши проблемот, но верувам колку толку ќе го ублажи.”-напиша Адеми.

Но, освен поддршка на социјалните мрежи и лајкови,  останатите 119 пратеници се уште не се изјаснуваат за оваа идеја на Адеми.

Нејасно е исто така, дали пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои се уште не ги напуштаат своите министерски фотелји, Елизабета Канческа-Милевска, Никола Тодоров, Никола Поповски, Емил Димитриев и други , земаат две плати и како министри и како пратеници.

АКО.мк