Самир Љума и Фејми Даут ја добија наградата на „ASC“ – американската асоцијација на кинематографери за „Медена земја“. Наградата за најдобар документарен филм им ја додели Тод Филипс, режисерот на филмот „Џокер“, кој и самиот својата кариера ја започнал во документаристиката.

Американската асоцијација на кинематографери ги доделува наградите за извонредни достигнувања по 34-ти пат оваа година. Ова се најзначајните светски награди посветени на филмската камера.

„Ние сме од Македонија, земјата во која се одржува најстариот фестивал посветен на кинематографијата – „Браќа Манаки“ – вака Самир Љума го започна својот говор на сцената.