Монструми живеат покрај нас!

Здружението за заштита на животни Анима Мунди тврди дека имаат пријава и сознанија за силувано куче од страна на човек! Тие упатија драматичен повик до надлежните веднаш да реагираат и им ја посочија точната локација каде е извршено злосторството и во која импровизирана куќарка од страната на Керамидница влегол монструмот.

,,Минатата недела среде бел ден е мачено и силувано куче на кеј, од страната на Керамидница, силувано од страна на лице на возраст од 25- 30 години кое по монструозното изживување врз кучето влегло во едно од куќарките од таа страна на Вардар. Сведоци биле повеќе лица кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале, и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил монструмот, силувачот на кучето.

Шокирани сме што се се случува во Македонија и што се е се толерира во нашето општество! Шокирани сме што монструми кои се закана за секого шетаат, немаат страв од никого и среде бел ден се изживуваат врз послабите, во случајот врз бездомно, младо куче, кое не можело да избега! Бесни сме што полицијата , иако им е пријавено нема доволен интерес или механизми да влезе и изврши претрес, вештачење, го приведе монструмот кој мачи и силува без око да му трепне што некој го видел, викал, го пријавил! Инсистираме да веднаш биде спроведена истрага и да овој психопат не излезе од затвор!

Адвокатскиот тим на Анима Мунди контактира со сведоците и бараме најстрога казна и правда за злоставуваното куче.
Каква порака се пренесува на овие деликвенти и психопати, доколку не бидат најстрого санкционирани? Кој ги штити луѓето, децата, животните во нашето општество, колку сме безбедни кога социопат, сексуален манијак, зоофил, зооераст слободно шета и силува животни на кеј, пред очите на другите луѓе? Се изживува, ги присилува на дејствија кои не им се природни, со кои ги мачи, повредува, осакатува, или убива?!

Која е нашата порака кога на монструмите никој ништо не им може? Така на пример во Кочани, силувачот на кучиња кој беше 10 пати пријавен од локалното население, здруженијата за заштита на животни за мачење/силување/убивање кучиња, сега е повторно на слобода и без било каква контрола – насилникот повторно слободно шета, собира кучиња , ги носи на напуштени локации,a на животните им се губи секоја трага, а на местото остануваат искористени кондоми или мрши!

Луѓе не контактираат во континуитет за тоа лице, распаметени од страв што меѓу нив слободно шета таков насилник. Тоа лице и таквите како него се опасност која демне и само чека погоден миг за нова жртва.

Им може ли некој нешто на ваквите лица, кои слободно и без каков било надзор имаат отворени можности да продолжат да силуваат?

Ги повикуваме итно Министерството за внатрешни работи, АХВ, општинските власти, да ги вложат сите напори за да овие болни умови бидат казнети и сместени таму каде што им е местото, во затвор и бараме комплетно следење на таквите во иднина”!