Москва порачува дека Крим е руски

,,Ние никому не враќаме наша територија. Крим и припаѓа на Русија“-одговори портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Ова е руски одговор на американската провокација дека Трамп очеку Русија да и го врати на Украина полуостровот Крим, кој беше анектиран пред две години за време на нередите во Украина.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер на последната прес конференција изјави дека Претседателот Доналд Трамп има цврст став дека Крим и припаѓа на Украина.