СОС Охрид алармира за уште едно загдување на Охридско Езеро, а тоа се употребените масла од пловните објекти кое се исфрла во езерото.

Како што покажуваат фотографиите , мрсните дамки на површината јасно покажуваат каде одредени сопственици на пловни објекти го истураат употребеното масло, или пак други само ќе го остават позади некоја грмушка, мислејќи дека завршиле работа.

Иако беше алармирано дека во делови на градот, непосредно до каналот, во повеќе наврати, од канализацијата се шири миризба на моторни масла, после сомнежите дека тоа се излева и во канализацијата, немаше конкретен епилог или темелна истрага, проверка, од службите. Употребеното масло и натаму се истура и врз почвата.

Уште еден голем проблем со кој се соочува каналот Студенчишта, но и Охридското Езеро, се употребените моторни масла од пловните објекти. За разлика од националниот проект на Sunilens за прибирање на употребеното масло од домаќинствата и угостителските објекти, кој има голем одек, за моторните масла од пловните објекти (во овој случај) досега не е преземена ваква активност, иако е иницирана, од страна на поединци и здруженија.

Секаде низ природата. Неодамна od SOS прашале во Макпетрол во врска со овој проблем , но не добиле одговор. Од здружението бараат одговор и од другите компании или бензински пумпи да кажат дали имаат некаква акција за собирање на употребено и старо масло за автмобили, пловни објекти или домаќинства.

,,Наместо да ги третираме водите како непроценливо богатство, извор на животот, ние ги користиме само како средство за профит, депонија за одлагање на непотребните работи. Тоа патриотизам не е, ами себичност. Целиот свет го смета Охридското Езеро за бисер, само ние кои овде живееме го валкаме тој бисер. Што оставаме за идните генерации?“-прашуваат од СОС Охрид.