Моторџиски клуб ,,Антички Македонци“ од Перт и потомците на Александар од далечна Австралија

Македонските иселеници во далечната Австралија ги тресе античка треска. Тие се повеќе стануваат дел од модерната антиквизација популаризирана од партијата ВМРО ДПМНЕ и од Светскиот македонски конгрес кој очигледно има влијание кај дијаспората на далечниот континент.

Претседателот на моторџискиот клуб ,,Антички Македонци“ Александар Шапкароски, воедно е и претседател на Светски македонски конгрес за Западна Австралија.

Како што јавува австралискиот портал на македонски јазик Фаланга, тој организирал протест на моторџиите кои дале поддршка на Претседателот Ѓорге Иванов и на организаторите на протестите ,,За заедничка Македонија“.

Моторизираните ,,Антички Македонци“ од Австралија ни испраќаат порака дека ја отфрлаат т. н. Тиранска платформа, дека името не го даваат и дека се за унитарна Македонија.

Од Австралија деновиве ни пристигнуваат информации за протести каде дел од македонската дијаспора држи дава поддршка на политиките на ВМРО ДПМНЕ, а неизбежен декор се војниците од Александровата Фаланга.