МО на Словенија информира дека доставиле помош на барање на Владата на Северна Македонија преку механизмот за солидарност на ЕУ

На официјалниот сајт на Министерство за одбрана на Република Словенија е објавена информација дека вчера, со специјален лет е доставена хуманитарна помош во вредност од 110.000 евра.

Со тоа, Словенија во духот на меѓусебна солидарност се одзва на барањето на Северна Македонија, за хуманитарна помош преку механизмот на Европска Унија во рамки на цивилната заштита со цел спречување на ширење на болеста КОВИД 19, се вели во официјалната информација на МО на Словенија.

,,Republika Slovenija je z letalom Slovenske vojske Turbolet L-410 danes Republiki Severni Makedoniji dostavila materialno pomoč v obliki osebnih zaščitnih sredstev v vrednosti 110.000 evrov.

S tem se je Slovenija v duhu medsebojne solidarnosti odzvala na prošnjo Severne Makedonije, katero je ta naslovila prek mehanizma Evropske unije na področju civilne zaščite z namenom preprečevanja širjenja bolezni COVID-19“-стои во оригинлната информција на сајтот www.gov.si/novice/2020-04-03-republika-slovenija-je-z-letalom-slovenske-vojske-republiki-severni-makedoniji-dostavila-materialno-pomoc/

На Твитер профилот на Министерството за одбрана на РС, со пораки ,,заедно, солидрност, ние сме НаТО“, е објавено дека со воена логистика е транспортирана солидарната помош од солидарниот фонд на ЕУ.

ВМРО ДПМНЕ и лидерот на оваа партија, Мицкоски, вчера оваа помош од солидарниот фонд на ЕУ за КОВИД 19 и логистичката поддршка на НАТО, ја препишаа како своја заслуга, а министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, дојде сам да ја пречека на аеродромот.

Во пораката објвена на социјалните мрежи му се заблагодари на Христијан Мицкоски затоа што, како што тврдат, ден претходно разговарал со премиерот Јанез Јанша, што според нив, резултирало со оваа хуманитрнаа пратка.

За солидараната поддршка од ЕУ вчера известија амбасадорот Жбогар и министерот Димитров.

ако.мк (Е.Л)