МПМ доцни со платите во весниците и не го исполни договореното

 

Педесетина новинари и фоторепортери од дневните весници „Дневник“, „Вест“, „Македонски спорт“ и „Утрински весник“, кои се дел од  компанијата Медија Принт Македонија (МПМ), денеска пред седиштето на фирмата,  одржаа мирно собирање. Во 11 часот новинарите и фоторепортерите,  се симнаа на паркингот и 30-те законски минути за пауза ги потрошија заедно, за да му дадат до знаење на менаџментот дека се подготвени да  организираат штрајк, доколку не се исполнат последните ветувања договорени неодамна  на состанок со претставниците на синдикатот на вработените.

Тогаш , менаџментот презел обврска  најдоцна до 15 во месецот да им исплаќа плата, како што е всушност законски.

Вработените во овие весници немаат земено плата за декември иако истекува последниот ден од јануари.

Извор и фото: Плусинфо