МПЦ се јави, навистина се јави

Светиот архијерејски синод на Македонска Православна Црква -Охридска Архиепископија изрази голема загриженост за актуелната ситуација во која се наоѓа македонското општество. Во нивната реакција по повод новите случувања на македонската политичка сцена бара политичките лидереи да ја зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територија на РМ во согласност со Уставот, како и унитарниот карактер на државата. Тие повикаа на   меѓусебно почитување, простување, помирување и одговорност.

„Сегашноста и иднината на Македонија ја гледаме преку сочувувањето на унитарниот карактер на Македонија, а за сето ова ни е потребно меѓусебно помирување и национално единство“, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Според САС, македонските национални државни и стратешки интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност на секого од нас, што подразбира живеење по божјите заповеди, запазување на државните институции и националните права загарантирани со Уставот.

МПЦ-ОА вели дека е потребен  попис на населението кој треба да биде направен како што велат „не заради одземање на нечии права, туку за остварување на придобивките на сите граѓани кои живеат во државата“.