Мртов кит полн со пластика пронајден на плажа во Сицилија

Гринпис, пред два дена, објави дека е пронајден мртов кит на една плажа во Сицилија, чиј стомак бил полн со пластичен отпад.

Ова е петти случај на угинување на китови во италијанските морски води и сите биле преполни со пластичен отпад.

– Ова е петти случај во Италија за последните пет месеци-изјави активистка на оваа невладина организација.

Пред овој, беше пронајден кит, женка која плодот што го носела , во својот стомак имала над 20 кг пластика.

Еколошките активисти постојано алармираат дека во морските и окенски води има енормни количини на ѓубре и пластичен отпад и дека често се причина за угинивање на морскиот свет.