Спроти вечерашниот квалификациски натпревар помеѓу македонската и полската репрезентација од циклусот за ЕУРО 2020.официјална средба имаа раководствата на двете федерации претставувани од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и првиот човек на Фудбалската асоцијација на Полска, Збигњев Боњек. 

Ние сме горди што на наша страна секогаш ќе ја имаме поддршката од големи фудбалски асоцијации, како полската и великани на светскиот фудбал, како што е претседателот на федерацијата на Полска, Збигњев Боњек. Задоволство е што во последно време позитивно се гледа на македонскиот фудбал, а ние како раководство секогаш ќе бидеме посветени на негова промоција. За нас е задоволство кога луѓе како Боњек го вреднуваат нашиот труд и со почит гледаат на тоа што го работиме. Поддршката која ни ја даваат, а не е само декларативна, е многу значајна за нас. Едноставно, ја препознаваме вредноста и улогата на фудбалот и се бориме заедно да го подобриме фудбалскиот амбиентистакна во Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.