Во Годишната програма за култура потпишана од Канческа Милевска и годинава нема предвидено пари за значајни споменици на културата кои се во загрозувачка состојба.

Еве во каква состојба е Музејот на Македонија кој се распаѓа, а за него нема предвидено проекти за санација, поправка на покрив, поправка на платото пред музејот, заштита од прокиснување при поплави и дожд. Депоата се заразени со мувла и микроорганизми-изјави Роберт Алаѓозовски од СДСМ.

.

 

 

 

.

Според СДСМ, во истата Годишна програма има одобрено пари по трет пат да се опремува Археолошкиот музеј.

Нема пари за црквата во Старо Нагоричане, црквата во Матејче, коишто се распаѓаат или фреските во Света Софија! На Скопскиот аквадукт и на Курбиново им треба итна конзервација, но Канческа Милевска сака да ги остави само на ниво на идејни проекти.

Ама на сметка на сето ова таа поделила пари за непотребни барокни фасади на објекти.

Ова е класичен доказ дека Годишната програма треба во целост да се поништи, не само затоа што во неа нема место за толку многу врвни индивидуални творци, уметници и културни работници, како што видоа граѓаните-велат во СДСМ.