Мундијалот во Германија и Данска започнува денеска,Македонија со подмладен состав посакува пласман во главната фаза

Пишува: Бранко Илиевски

Германија  и Данска се домаќини на 26. мундијал во ракомет, Македонија е сместена во конкуренцијата„Б“  заедно со селекциите на Шпанија,Хрватска, Исланд , Бахреин и Јапонија. Македонија на овој собир на најдобрите селекции во светот посакува палсман на третата позиција во својата група во која  Шпанија  е изразит фаворит за првото место .

Исланд кој е наш последен противник во првата фаза од шампионатот се смета за директен конкурент за третото место . Кирил Лазаров е ракометарот од кој најмногу се очекува и покрај тоа што има 38 години, тој би требало да биде  лидерот во нашиот национален тим. Селекторот,Раул Гонзалез има  и група на млади ракометари предводени од Филип Талески кој има искуство од големите натпреварувања. Нашите ракометари очекуваат голема поддршка од „Фалангата“ , која се очекува во голем број прво во Минхен, а потоа доколку бидеме пласирани на една од трите позиции  и во групата и во Келн во главната фаза.

Распоред на натпреварите на Македонија ( Минхен ):

ГРУПА Б:
11.01.2019 Македонија – Јапонија ( 15-30 )
13.01.2019 Македонија – Бахреин ( 14-00 )
14.01.2019 Македонија – Хрватска ( 18-00 )
16.01.2019 Македонија – Шпанија ( 20-30 )
17.01.2019 Македонија – Исланд ( 18-00 )

 На СП воГерманија  и Данска  ке настапат вкупно 24 селекции, што е  формат на натпреварување како оној во 2011 година,  трите првопласирани ќе обезбедат пласман во главната фаза додека останатите селекции  ќе разигруваат за пласман од 13-24 позиција. СП 2019 ќе се игра во шест градови, натпреварите  во Данска ќе се играат во  Хернинг и Копенхаген, а во Германија  во Берлин,Минхен, Келн и Хамбург, финалето ќе биде одиграно на 27 јануари во Хернинг, Данска.

 Победникот на мундијалот обезбедува настап на Олимписките игри во Токио 2020 година , селекциите пласирани од втората до седмата  позиција ќе играат квалификации за ЛОИ во Токио. Македонија сака изненадување и пласман до седмата позиција,  иако тоа ќе биде многу тешко. Шампионската круна ја брани Франција, која е најтрофејна селекција со шест титули.